Понекогаш, едниствено на нашиот локален Македонски пазар, изработуваме повеќе од маси. Превземаме целосни проекти за дизајн и уредување на специфичен локал, ресторан, канцеларии или дом. Нашата флексибилност како бутик производител ни дозволува да се нафатиме и на на специфични изработки како прототип за скејтборд или кастом гитара за омилен музичар но и попрагматични желби како внатрешни скали за некој дом. Понекогаш проектите се јавни и престижни како маса за националниот павилјон на Венецијанското Биенале ди арте или престол за посетата на Папата, друг пат пак се сосема интимни и лични визии за дизајн и изработка на звучник или грамофон на пример. друг пат пак се сосема интимни и лични визии за дизајн и изработка на звучник или грамофон на пример. Но секогаш дури и кога не создаваме мебел, и само си играме наоколу, важат истите принципи за квалитет и внимание кон деталите.