MONOZERO

Shop

Маси за кафе

MONOZERO масите за кафе се направени со цел да ја исполнат вашата специфична визија и потреба во однос на дизајнот и димензиите. Секоја маса е уникатна и оттаму во ограничена едиција од точно едно парче по серија. За изработка на масите најчесто користиме македонски орев, но и други локални висококваитетни видови на дрво како даб, јасен и брест.

Убедени сме дека трпезариската маса е најважното парче мебел во домот на која се собираат блиски роднини и пријатели и на која се споделува животот. Ден по ден, во годините што следуваат, вашата MONOZERO маса ќе служи како тивок сведок на вашиот живот апсорбирајќи ги спомените како знаци на стареење, на тој начин издигнувајќи се од од обично парче мебел во дел од семејството. Стоејќи покрај MONOZERO маса не можете а да не го почуствувате трудот, посветеноста и љубовта вложена во нејзиното создавање. Несвесно, вовлечени од нејзината убавина, раката се придвижува и не можете да одолеете без да ја допрете и погалите.

Тогаш чуствувате дека масата сеуште го носи животот на дрвото во себе зачуван за генерациите што следат.

Touch to remember.

Image Newletter

REGISTER

Your personal data will be used to support your experience throughout this website, to manage access to your account, and for other purposes described in our privacy policy.