MONOZERO

Shop

Одржување и Грижа

Инструкции за одржување на Monozero мебел

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Вашиот МОНОЗЕРО мебел е рачно изработен, користејки само легално исечено дрво од одговорно стопанисувани шуми. Премачкано едниствено со најдоброто природно масло, дрвото ги задржува природните карактеристики без присуство на штетни материи. Оваа завршна обработка го нагласува годот на дрвото, давајќи му 3-димензионална длабочина и специфичен сатенски сјај. Природното дрво ги врзува мирисите и прашината и има антистатички и природни антибактериски својства. Природното дрво реагија на својата околина и со тоа делува како природен систем за контролирање на климата- ја апсорбира влагата и постепено ја испушта назад во просторијата. Заради ваквите карактеристики и покрај тоа што направивме се што е можно за да се осигураме дека вашиот мебел ќе остане без искривувања и пукнатини, вие треба да обезбедите правилни услови и локација во домот. Доколку релативната влажност на воздухот во просторијата ги надминува нормалните услови за живеење (под 35% и над 65%), природното дрво или се собира или се шири и може да се деформира или да започне да пука. Несоодветната собна температура и влажност на воздухот, прекумерно или продолжено изложување на високи температури и директна сончево зрачење можат да ја променат бојата на вашиот мебел, да го пресушат дрвото или да создадат пукнатини. МОНОЗЕРО во оваа смисла нема да биде одговорен за било каква штета предизвикана од непочитување на упатствата за одржување и нега.

ОДРЖУВАЊЕ И НЕГА

Лесната нечистотија може да се избрише со памучна намокрена крпа (не многу влажна). Да не се употребуваат микрофибер-крпи и детергенти за домаќинство што раствораат маснотии (како средство за чистење стакла). Во зависност од интензитетот на дамката, повеќе извалканите подрачја или црни дамки може да се отстранат со помош на МОНОЗЕРО сапун за дрво или со шмирглање со фина гранулација (320 или поголема). Притоа се шмиргла со благ притисок во правец на годот на дрвото се додека не исчезне дамката. Препорачуваме да се исчисти површина од 20 цм околу дамката со цел да се избегне дисколорација. По шмирглањето, препорачливо е да се нанесе МОНОЗЕРО масло за одржување користејки сунѓер. Откога ќе го втриете маслото убаво со сунѓер оставете да се апсорбира околу половина час. По 30 минути клучно е да се отстрани вишокот масло со сува, мека памучна крпа. МОНОЗЕРО сапунот за дрво е раствор за редовно чистење на маслосани површини. Отстранува нечистотија и маснотии темелно без да остави површински слој, притоа дрвото го задржува својот природен изглед и нашиот препознатлив финиш на сатенски сјај. Во зависност од микро климата, се препорачува да се маслосува дрвото еднаш годишно со МОНОЗЕРО масло за одржување. Маслото се нанесува со сунѓер, се остава околу 30 минути пред темелно да се избрише целиот вишок масло со мека памучна крпа. НЕ користете крпи со микрофибер. НЕ користете влажни марамчиња, средство за чистење прозорци, политури

Инструкции за одржување на Monozero Петит мебел

ЧИСТЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА

За долготрајност на вашиот МОНОЗЕРО петит производ чистете и дезинфицирајте го редовно користејќи ги следниве техники:

Топла вода и сапун – Исчистете ја даската со топла вода и сапун. Исплакнете и исушете темелно. Забелешка: Никогаш не ја потопувајте даската во мијалник полн со вода! Дрвото е порозно, впива вода кое потоа предизвикува пукнатини и искривувања при сушењето.

Оцет – За дезинфекција целосно избришете ја вашата даска со бел оцет по секоја употреба. Сол, сода бикарбона, сок од лимон- За елиминарење на несакани миризби од лук, кромид, риба или друго избришете ја вашата МОНОЗЕРО даска со крупна сол, сода бикарбона, свеж сок од лимон или оцет.

Хидроген пероксид – За дезинфекција може да се користи и 3% хидроген.

МАСЛОСУВАЊЕ

Вашиот МОНОЗЕРО петит производ е премачкан со природно и водоотпорно масло кое е цертифицирано за користење за производи кои доаѓаат во контакт со храна. За да остане како нова премачкјате ја вашата даска со маслиново или растително масло еднаш месечно или секогаш кога таа изгледа суво. Притоа премачкајте ја целата површина на даската со масло користејки сунѓер, оставете маслото да отстои половина час, а потоа со памучна крпа отстранете го вишокот.

СКЛАДИРАЊЕ

Да се чува на суво и чисто место.

Image Newletter

REGISTER

Your personal data will be used to support your experience throughout this website, to manage access to your account, and for other purposes described in our privacy policy.