Prêt-à-porter трпезариска маса 140×80

ден 26,200.00
SKU: TMREP 0140 Category:
MONOZERO PrêtàPorter е нашата нова линија на производи, направена со цел да се создадат квалитетни дрвени маси по пристапни цени направени во мали серии, со однапред ефинирани димензии.

При изработката на овие маси се водиме од истите принципи за квалитет, со истото внимание кон деталите, истата завршна обработка како и кај останатите досегашни МОНОЗЕРО производи – уникати, направени по нарачка. MONOZERO Prêt–à–Porter масите се изработени со лепење на талпи со еднаква ширина од цврсто јасеново дрво, со широк засечен раб од долната страна на плочата со што се дефинира елегантната силуета со странична дебелина од само 10 мм. Масите стојат на дрвени јасенови ногари. Со еден збор се работи за дрвена маса со типичен изглед, а кога нешто е направено навистина типично, тоа станува специјално.

TOUCH TO REMEMBER.

Dimensions 140 × 80 × 76 cm