MONOZERO е произлезен од нашата наклонетост кон уметноста, дизајнот и љубовта кон дрвото
Сите Монозеро маси се рачно изработени, затоа што веруваме дека постои посебна размена на енергија кога квалификуван мајстор го обликува дрвото. Притоа ја почитуваме суштината на дрвото и токму таа нè води и ја дава насоката за изгледот и дизајнот, затоа што цврсто веруваме дека за да се создаде безвременска маса што ќе ја користат генерации, материјалите се поважни од формите. Во денешно време стана прифатена пракса и норма, матерјалите кои не окружуваат во секојдневниот живот, било да е тоа во нашите домови, во нашите автомобили или на работните места, да се преправаат дека се нешто што не се.
Пластиката изгледа како метал, кожа или дрво; керамичките плочки се преправаат дека се дрво; црното железо се преправа дека е нерѓосувачки челик и сл. Проблемот со овој тренд е што прво човечките сетила не се толку лесно измамени а тоа нè остава со горчлив вкус и разочарување од повеќето современи производи и второ, ваквите претенциозни, лицемерни материјали не стареат достоинствено и придонесуваат само за зголемување на отпадот. Монозеро е создаден како поход против овие современи трендови.