МОНОЗЕРО трпезариските маси се изработуваат по нарачка со цел да се исполнат вашите специфични потреби и визии во однос на дизајнот и димензиите. Секоја маса е уникатна и оттаму во ограничена едиција од точно едно парче по серија. За изработка на масите најчесто користиме македонски орев, но и други локални висококваитетни видови на дрво како даб, јасен и брест.
Убедени сме дека трпезариската маса е најважното парче мебел во домот на која се собираат блиски роднини и пријатели и на која се споделува животот. Ден по ден, во годините што следуваат, вашата МОНОЗЕРО маса ќе служи како тивок сведок на вашиот живот апсорбирајќи ги спомените како знаци на стареење, на тој начин издигнувајќи се од од обично парче мебел во дел од семејството. Стоејќи покрај МОНОЗЕРО маса не можете а да не го почуствувате трудот, посветеноста и љубовта вложена во нејзиното создавање. Несвесно, вовлечени од нејзината убавина, раката се придвижува и не можете да одолеете без да ја допрете и погалите.
Тогаш чуствувате дека масата сеуште го носи животот на дрвото во себе зачуван за генерациите што следат.