MONOZERO

Shop

МОНОПОД

Монопод претставува мала префабрикувана куќа за ефикасно живеење без да се жртвува удобноста. Куќа направена со грижа и креативност за луѓето кои од една страна бараат авантура, а од друга спокојство. Се работи за куќа со димензии 2,5 x 7,5 x 3m која е лесно пренослива и истата може да биде поставена на било која локација без потреба од градежна дозвола. Нејзината функционалност овозможува удобност за живеење, но исто така може да се користи и за викендица, кампинг, глампинг, AirBnb и сл.

Она што ја прави различна од слични проекти е пристапот и филозофијата кон употребуваните материјали, прецизноста и толеранцијата во изработката, како и екстремната грижа за топлинска и звучна изолација. Во Монопод нема да најдете гипс картонски плочи, камена, стаклена волна или слична изолација од вештачки влакненца, ниту пак ламинaт на подот. Ако нешто во куќарката личи на дрво, можете да бидете сигурни дека е дрво. Со други зборови, филозфијата на Монозеро дека материјалите се поважни од формите е применета и тука. Монозеро е обид да се прикаже и докаже визијата дека е можно да се произведе простор за живеење кој нема да го загрози човековото здравје, напротив, ќе делува позитивно на него, како и на неговата околина. Монопод е лесен за рециклирање по завршување на употребниот век.

Она што ја издвојува Монопод е можноста за нејзино поместување и лесен транспорт до посакуваната локација. Префабрикувана со грижа и прецизност која е типична во индустријата за изработка на мебел, од посветен тим на занаетчии во спокоен природен амбиент, оваа мала куќа е дело изработено со љубов и почит кон околината и кон нејзините идни жители.

Обвиена е во висококвалитетно кедрово дрво и не'рѓосувачки челик. Кедровото дрво познато по својот ароматичен мирис и изразени годови, освен што има естетска привлечност, тоа симболизира еластичност, цврстина и долговечност. Традиционално се користи во градежништвото поради неговата природна отпорност на распаѓање и инсекти. Додека пак, панелите од не'рѓосувачки челик т.е. инокс се познати по нивната јачина и издржливост, отпорност на влага и варијации во температурата, лесна изработка и одржливост, долготрајност, атрактивен изглед и можност за рециклирање.

Во внатрешноста се наоѓа удобно место за спиење опремено со неколку плакари за одлагање. Веднаш позади креветот има мала маса со две столчиња. Од другата страна се наоѓаат кујната и тоалетот кои нудат удобност без да се наруши функционалноста.

Во ентериерот доминантни се светли тонови кои му даваат визуелно проширување на просторот. Ѕидовите се обвиени во бело мултистрато, а подот е направен од потемно дабово дрво. Спротивно на другите материјали за подови, изгледот на тврдо дрво има тенденција да се подобрува со годините. Природните дрвени подови се многу похигиенски од другите материјали за подови - маслосаната површина избегнува собирање прашина, непријатни мириси и бактерии. Дел од мебелот е направен од висококвалитетен и детално обработен јасен, а дел од кедар.

Без разлика дали е сместена во оддалечена шума, на планина или со поглед на мирно езеро, Монопод е повеќе од само живеалиште; таа е светилиште и засолниште од хаосот на модерниот живот и доказ за убавината на едноставноста. Монопод нуди слободата да шетате, да истражувате и да се поврзете со природата, сето тоа од удобноста на вашиот мал, но бескрајно привлечен дом.

Image Newletter

REGISTER

Your personal data will be used to support your experience throughout this website, to manage access to your account, and for other purposes described in our полиса за приватност.

mk_MKMacedonian